Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 март 2009
Потоа следат Лазо Игнатовски од СДУ со 682, Невзат Муаремовски од ДУИ со 424 и Томислав Крстиќ од Титови леви сили со 178 гласа. За листата на советници најмногу гласови освои коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со 10.651, пред СДСМ и ЛДП со 7747, па ВМРО-НП со 1686, НСДП со 1010, Нова Демократија со 894, ПОДЕМ со 824, Сојуз на Титови леви сили со 779, ДУИ со 773, СДУ со 725, и независната лсита на Блажо Атанасов со 421 глас.
На листата на претседател води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓогре Иванов со 11.321 потоа е кандидатот ан СДСМ Љубомир Фрчковски со 6041, независаниот кандидат Љубе Бишковски со 4085, па кандидатот ана Нова Демократија Имер Селмани со 2453, Нано Ружин од ЛДП со 1.822, Агрон Буџаску со 363 и Мируше Хоџа од ДПА со 175 гласа. На неделното гласање во општина Велес од запишани 47.850 гласачи излеле 27.069 или 56,6 отсто гласале, а има 809 неважечки ливчиња. Поради снегот на пет избирачки места не е гласано Џедимирци, Рудник, С `лп, `Рлевци и Сливник.
Кога таму ќе гласаат 405 избирачи ќе реши ДИК. Коцевски во првиот круг не победи за 213 гласа. Тој не верува дека ќе успее со гласањето во петте ибирачки места да обезбеди победа во првиот круг, што навестува дека во Велес, Коцевски и Петров ќе имаат уште една можност да стигнат до градоначалничката позиција.
